УЕФА го казни Галатасарај

Галатасарај е казнет од УЕФА поради однесувањето на нивните навивачи за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед.

На турскиот шампион му е наложено да плати 51.000 евра откако 2.000 негови навивачи успеаја да стигнат до делот на стадионот каде што се наоѓаат навивачите на „црвените-ѓаволи“.

Галатасарај ќе мора да ги покрие и трошоците за штетата што ја предизвикаа неговите навивачи на стадионот.

Управното тело на европскиот фудбал, исто така, му забрани на Галатасарај да продава билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости.

Се вчитува...