УЕФА го казни Панатинаикос со тригодишна суспензија од европските купови

Поранешниот грчки фудбалски шампион Панатинаикос доби тригодишна суспензија од УЕФА да биде дел од европските купови поради неподмирени финансиски долгувања. Овој клуб преживува тежок период, имаше неколку промени на сопствениците, а се соочува со големи финансиски проблеми. УЕФА истакна дека клубот имал ултиматум до 1 март да ги подмири долгувањата кон кредиторите, но не успеал во тоа.

Панатинаикос оваа сезона се наоѓа на десеттата позиција на табелата во првенството на Грција и воопшто не избори пласман во европските купови.

Се вчитува...