Фудбалскиот клуб Реал од Мадрид е санкциониран од Европската фудбалска федерација поради испадот на навивачите за време на реваншот од 1/16 финалето од Лигата на шампионите против Сити.
Шпанскиот гигант е казнет со затворање на дел од трибините на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ (500 седишта), две години условно и парична казна од 30.000 евра.
УЕФА го казни Реал според член 14.2 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА без да прецизира за каков инцидент станува збор. Но, самиот напис наведува на заклучок дека станува збор за дискриминаторски навреди кон одредено лице или група.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е санкциониран затоа што навивачите на тој клуб во неколку наврати дискриминаторски го навредувале менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола со песна во која се исмејувал неговиот развод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

