Наспроти и целокупната неизвесност во која е западнат најтрофејниот македонски клуб по финансиската криза со најавеното напуштање на Сергеј Самсоненко, сега се соочува и со дополнителни парични казни од УЕФА.
Вардар ќе мора во рок од три месеци да и исплати 25.000 евра на УЕФА откако Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот се одлучи да изрече казна за недолично навивање на „Комитите“ и употреба на пиротехника на натпреварот против ерменски Пјуник од првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Доколку не се исплатат средствата во рок од три месеци, согласно регулативата на УЕФА, на „вардарци“ ќе им бидат одбиени три средства од премијата која треба да ја добијат за учеството ова лето во квалификациите од Лигата на Европа. Вардар за настапот во 1. квалификациско коло за ЛЕ треба да добие 260.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА