УЕФА го објави дрим-тимот на ЕП: Повеќе од половина тим е од европскиот шампион

Два дена по големото финале меѓу Шпанија и Англија и официјално е избран идеалниот тим на ЕВРО 2024, во кое сосема очекувано „владеат“ новите европски прваци.

Шпанија е застапена со дури шест фудбалери во овие идеални единаесетмина, и тоа целокупниот среден ред Родри, Руиз и Олмо, потоа левиот бек Марк Кукурелја, како и крилните напаѓачи Вилијамс и Јамал.

Изненадувачки, во овој дрим-тим се најде десниот бек на Англија, Кајл Вокер, кој имаше потпросечен настап за негови стандарди, тука се уште и Џамал Мусиала од Германија, потоа Швајцарецот Аканжи, а идеалниот состав го комплетираат двајца Французи, голманот Мењон и централниот дефанзивец Салиба.

Се вчитува...