УЕФА денеска и официјално одличи завршниот турнир на најдобрите селекции од Стариот континент и понатаму да биде ЕУРО 2020 и покрај тоа што ќе биде одржан во 2021 година.
Бидејќи досега има огромен број производи со актуелното лого, одлучено е називот да нема промени без разлика на различната година.
Оваа одлука дозволува да се задржи првобитната верзија околу прославата на 60-годишнината од одржувањето на Европските првенства (1960 – 2020).
Па, така ЕУРО 2020 ќе биде одржан од 11. јуни до 11. јули 2021 година. Натпреварите ќе се играат во 12 града ширум Европа со тоа што се уште е отворена можноста за промена на некои од домаќините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА