Арсенал, Борусија Дортмунд и Реал Сосиедад имаат по двајца играчи во идеалните 11 во групната фаза во Лигата на шампионите одредени според УЕФА. Манчестер Сити, Порто, Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен имаат по еден.
Во идеалниот тим се најдоа: Кобел од Борусија Дортмунд како голман, неговиот соиграч Хумелс, како и Кансело од Барселона и Муњоз од Реал Сосиедат во одбраната. Во средниот ред се Букајо Сака (Арсенал), Фил Фоден (Манчестер Сити), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Брајс Мендес (Реал Сосиедад), Вандерсон Галено (Порто). Во нападот се Кејн од Баерн Минхен, и Габриел Жезус од Арсенал.
Fantasy stars of the group stage ✨#UCLTOTW | @PlayStationEU pic.twitter.com/NTis8CTI8E
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) December 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА