Европската куќа на фудбалот (УЕФА) преку официјално соопштение денеска најостро го осуди неодамнешниот напад на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини во моменти кога изминатиов месец неа активирани најави за промена на фудбалската власт во земјава.
УЕФА во своето соопштение наведува дека внимателно се следи ситуацијата во македонската фудбалска заедница како, заедно со ФИФА, би обезбедиле федерацијата да остане ослободена од било какво надворешно мешање. Од УЕФА најавуваат дека заедничка делегација со ФИФА наскоро ќе допатува во Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, како би се осигурале дека ќе се почитува независноста на ФФМ.
„УЕФА најостро го осудува неодамнешниот напад врз претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини.
УЕФА ги повикува локалните власти да спроведат брза и темелна истрага. Заедно со ФИФА, внимателно ќе ја следиме ситуацијата во македонската фудбалска заедница за да обезбедиме федерацијата да остане ослободена од било какво мешање, во согласност со Статутот на УЕФА и ФИФА, и континуирано ќе проценуваме дали се потребни дополнителни активности.
Заедничка делегација на ФИФА/УЕФА наскоро ќе отпатува во Македонија за да се сретне со спортски и владини претставници, со што ќе се погрижи независноста на ФФМ да се одржи и почитува“ – се вели во соопштението од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА