УЕФА го претстави дизајнот на топката со која ќе се игрaат полуфиналето и финалето на ЕП (ФОТО)

Европското фудбалско првенство е при крај, а ни остануваат уште полуфиналните натпревари и големото финале. Првиот натпревар од полуфиналето на Европското првенство се игра утре на „Вембли“, а ќе се сретнат Италија и Шпанија. Вториот полуфинален натпревар помеѓу Англија и Данска е закажан за в среда.

УЕФА целосно се подготвува за финалето во кое се очекува спектакл, како и во претходниот дел на овој турнир.

Денес УЕФА одлучи да го претстави дизајнот на топката со која ќе се играат полуфиналните и финалните натпревари. Адидас не потфрли ниту овој пат во однос на дизајнот, па јавноста е воодушевена од изгледот на оваа топка.

Исто така, треба да се потсетиме дека полуфиналните натпревари се играат од 21 часот, додека финалниот натпревар е закажан за во недела, исто така, од 21 часот.

 

 

Се вчитува...