УЕФА го шокираше Баерн со казната за Луис Дијаз

Дисциплинската комисија на УЕФА жестоко го сакционионираше Луис Дијаз,, кој ќе мора да ги пропушти следните три средби во Лигата на Шампионите поради црвениот картон заработен во минатото коло против ПСЖ.

Колумбиецот доби директен црвен картон поради бруталниот старт врз Хакими по кој Мароканецот доби тешка повреда, што пресуди Дијаз да добие подолга суспензија од очекувањата. Од баварскиот гигант сепак објавија дека се шокирани од ваквата разврска, најавувајќи дека ќе поднесат жалба до УЕФА со надеж дека казната за одличниот офанзивец ќе биде намалена.

Дијаз дефинитивно ќе го пропушти претстојниот меч од ЛШ, на гостински терен со Арсенал, а во зависност од успешноста на жалбата ќе се знае дали тој ќе може да се врати за следните две домашни средби во кои Баерн ќе го пречека најпрвин Спортинг Лисабон, а потоа и белгиски Унион (дуел закажан за 21 јануари 2026).

Се вчитува...