УЕФА го скрати списокот: Вардар во 2. коло може против Шамрок, Санта Клара, Балкани, Данди…

Вардар, Работнички и Силекс ги дознаа можните пет противници, ако успеат да се пласираат во следната фаза во Лигата на Конференции.

Вардар, кој има најголеми шанси да се пласира во следната фаза, со оглед дека ќе игра со аматерскиот тим Ла Фиорита од Сан Марино, може да се падне со Санта Клара, косовски Балкани, Данди Јунајтед и Лозана.

Доколку се случи екипата на Силекс да го мине Дечиќ од Црна Гора, еден од потенцијалните е австриски Рапид. Следуваат Јагиелонија, победникот од мечот Биркирака – Петрокуб, и побендикот од дуелот Атлетик Ескалдес – Диделанж, како и Универзитатеа Крајова.

Работнички за можни потенцијални противници во 2. квалификациско коло ги доби Макаби Хаифа, побендикот од мечот Борац Бања Лука – Санта Колома, Арарат Ерменија, Австрија Виена, Пушкаш Академија.

Се вчитува...