Првичниот план на УЕФА натпреварите во Лигата на шампионите да финишираат со одржување на големото финале во Истанбул на 27 јуни дефинитивно нема да може да се исполни.
Не се знае кога воопшто европската фудбалска сезона ќе продолжи, поради што челниците на УЕФА веќе имаат нов план – завршницата на ЛШ да се одржи кон средината на месец август, а новата сезона да стартува во октомври.
„Нема да биде лесно. Можеби во моментов делува како утопија, но ние ќе направиме се за да ја завршиме сезоната во Лигата на шампионите. Постојат најави дека сезоната ќе ја финишираме до втората половина на август, финалето да биде на 15 август. Потоа, новата сезона би ја почнале во октомври, наместо септември како што досега беше случај. Тоа е последниот предлог за кој ќе дискутираме на следниот состанок“, е ставот на УЕФА што го пренесува тиражниот италијански весник „Газета дело спорт“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА