УЕФА го суспендираше фудбалерот на Бенфика поради расизам

УЕФА одлучи да го суспендира Џанлука Престиани поради наводните расистички коментари кон Винисиус Џуниор. Фудбалерот на Бенфика се најде во центарот на вниманието по првиот натпревар од двомечот со „кралевите“ во Лигата на Шампиони.

Престиани нема да биде дел од реванш средбата против Реал Мадрид како мерка на претпазливост до конечното расрешување на случајот.

Во меѓуврреме УЕФА ќе продолжи со истрагата која на крајот може да му донесе и долга суспензија на 20-годишникот за расизам.

Се вчитува...