Финалето на Лигата на шампионите во 2027 година нема да се игра на Сан Сиро како што првично планираше УЕФА. Градскиот совет на Милано не му гарантира на УЕФА завршување на реновирањето на култниот стадион до планираниот датум на финалето на ЛШ, па извршниот совет на европската фудбалска организација, немаше друг избор освен одново да го отвори тендерот за домаќини.
Новиот домаќин за 2027 година ќе биде познат во мај или јуни во 2025 година.
„Сан Сиро“ може да прими 75.000 гледачи, стадионот е дом на Интер и на Милан од 1947 година. Во септември градоначалникот на Милано, потврди дека Милан и Интер го отфрлиле планот за реновирање на стадионот, и двата клуба се наклонети кон изградба на нов храм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА