УЕФА инсистира националните првенства да завршат, ќе има слух само за „специјални случаи“

УЕФА цврсто им препорачала на сите 55 земји членки да најдат начин да ја завршат сезоната 2019/20, а да ги комплетираат и националните купови. На денешниот видео-состанок УЕФА порачала дека ќе има слух само за „специјални случаи“. Најголемиот дел од првенствата во Европа се суспендирани од март поради пандемијата на коронавирусот, а продолжението пред се ќе зависи од рестриктивните мерки што важат во секоја земја поединечно.

УЕФА утре ќе се состане со претставници  на Лигите, а потоа в четврток состанок ќе има Бордот на асоцијацијата кој ќе даде генерални насоки за продолжувањето на националните првенства. За ова цел УЕФА уште во март формираше специјално тело кое ги разгледува сите опции за тоа како да биде комлетирана сезоната, а вчера претседателот Александер Чеферин изјави дека сезоната ќе има крај дури и ако треба да биде завршена зад затворени врати.

 

 

Се вчитува...