Комисијата на УЕФА која го контролира финансискиот фер-плеј, санкционираше дури осум клуба.
Исфрлање од Европа, барем засега, добија Астана, Клуж, ЦСКА Софија, Монс Калпе, Порто, Бетис, Спортинг Лисабон. Интересно е дека исфрлање од Европа доби и Санта Клара, противникот на Шкупи во Лигата на Конференции, кој успеа да го елиминира чаирскиот тим.
Овие клубови се санкционирани поради непочитување на барањата познати како „без доспеагн долг“, и исфрлени се од европските натпреварувања во кои ќе се пласираат во една од следните три сезони.
Доколку до 31. јануари 2022 година докажат дека ги исплатиле износите на долговите, тогаш ќе се стекнат со право за настап.
Спортинг веќе ја мина групата во Лигата на шампионите, а истото може да го стори и Порто. Бетис исто така ја мина групната фаза во Лигата на Европа.
Парични казни заработија ЦСКА, Монс Калпе, Порто, Бетис, Санта Клара и Спортинг.
Исфрлање им се закануваше и на АЕК Атина и Бешикташ, но првиот приложи гаранција дека ќе ги уплати парите во износ од 1,5 милиони евра, додека комисијата заклучи дека турскиот тим Бешикташ ги исполнил условите кои пред нив биле поставени, и нема да им бидат одземени 15% од наградите за учество на Лигата на шампионите оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА