УЕФА избра: ЕВРО 2028 ќе биде „островско првенство, две земји-домаќини за ЕВРО 2032

УЕФА денеска и официјално ги одреди земјите домаќини за наредните две големи натпреварувања, европските првенства во машка конкуренција што ќе се одржат во 2028 и во 2032 година.

По ЕП 2024 чиј домаќин ќе биде Германија, четири години подоцна европскиот шампион ќе биде одржан во Велика Британија и во Република Ирска. Според најавите, отворањето на ЕВРО 2028 ќе биде на „Милениум“ стадионот во Кардиф, а финалето на „Вембли“ во Лондон, а интересно е што на листата на стадиони – домаќини ги нема „Олд Трафорд“ и „Енфилд роуд“.

Шампионaтот во 2032 година ќе биде одржан во коорганизација на Турција и на Италија, двете земји најпрвин подготвуваа поединечни кандидатури, за на крајот да се решат за заедничка организација, со што добија „амин“ од УЕФА и денеска и официјално беа избрани за ко-домаќини на ЕВРО 2032.

Се вчитува...