УЕФА ја исполни желбата на Јувентус – го ифрли од Европа

Јувентус кој претходната сезона се соочи со казна од десет бодови за вештачко надувување на трансфер сумите со цел да се зголемат капиталните добивки, наместо на третото заврши на седмото место на табелата со што осигура настап во европските натпреварувања, но само во квалификациите за Конференциската лига.

Третото по ранг натпреварување во Европа не е во фокусот на торинскиот клуб кој и предложи на УЕФА да биде исклучен од европските натпреварувања во следната сезона како казна за прекршување на финансискиот фер-плеј.

Според информациите на италијанските медиуми УЕФА го прифатила предлогот на Јувентус што значи дека „старата дама“ во новата сезона ќе се натпреварува само на домашниот фронт. Овој потег воедно значи и спас за Јувентус бидејќи казната на УЕФА можеше да биде поригорозна со ифрлување од натпреварување во Лигата на Шампиони во следната сезона во која тимот ќе го избори своето учество.

Местото на Јувентус ќе го замени Фиоретина која претходната сезона стигна до финалето на Конференциската лига, но беше поразена од Вест Хем Јунајтед.

Се вчитува...