Албанскиот фудбалски сојуз објави дека ја добиле одлуката од Дисциплинската комисија на УЕФА за испадите на своите навивачи на натпреварот против Хрватска на ЕВРО 2024.
УЕФА одлучи да ја казни Албанија со вкупни 47,500 евра за инцидентите во Хамбург. Казната е за употребата на пиротехнички средства од страна на нивните навивачи, за упадот на терен како и за несоодветните националистички пораки за време на натпреварот.
Согласно одлуката од УЕФА, Албанскиот фудбалски сојуз е казнет со 2,500 евра за употреба на пиротехника, со 20,000 евра за упад од страна на албански фан на теренот како и 25,000 евра за неприкладни пораки и скандирања за време на спортски настан.
Од УЕФА и информацијата дека дополнително ќе следи соопштението околу одлуката по постапката за албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку, кој по мечот упати несоодветни навреди кон Македонија и кон Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА