Дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија поради однесувањето на навивачите на првиот натпревар на ЕВРО 2024 против Италија одигран во Дортмунд.
Во првиот натпревар од групата Б, Албанците загубија од Италија со 2:1, а пред и за време на натпреварот имаше инциденти.
Албанските навивачи фрлаа предмети на теренот на стадионот, запалија факели, а еден од симпатизерите истрча на теренот, имаше и провокативни пораки, па УЕФА ја казни федерацијата со вкупно 37.375 евра.
Албанија доби казна од 10.000 евра за пиротехника, 12.375 евра за фрлање предмети, 5.000 евра за упад на навивачите на теренот и 10.000 евра за недолични пароли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА