УЕФА ја казни Барселона, ќе нема навивачи во Белград

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја казни Барселона поради нацистички транспарент на натпреварот со Монако во Лигата на шампионите. На стадионот „Луј Втори“ во Кнежеството, еден навивач на Блауграна истакна транспарент на кој пишуваше „Flick heil“ или „Heil Flick“, што потсетува на нацистичкиот поздрав во времето на Адолф Хитлер.

УЕФА изрече казна од 10.000 евра, но и му забрани на каталонскиот гигант да продава билети за следниот натпревар на гости. Затоа Барселона нема да има навивачи во Белград на 6 ноември на дуелот со Црвена Звезда.

Засега не е познато дали споменатиот транспарент е поврзан со малцинската десничарска група навивачи на Барселона, која своевремено беше исфрлена од стадионот. Минатата година полицијата упадна во седиштето на групата и пронашла многу нацистички сувенири и оружје, а 12 членови биле уапсени под обвинение за трговија со дрога, изнуда и убиства.

Се вчитува...