УЕФА ја казни Бенфика за хаосот со Реал Мадрид

Дисциплинската комисија на УЕФА конечно донесе одлука за Бенфика по хаосот што се случи во второто полувреме од дуелот со Реал Мадрид, кога навивачите фрлаа со врди предмети кон Винисиус, воедно и расистички навредувајќи го бразилскиот ас во таборот на „кралевите“.

Португалксиот гигант ќе треба да плати 40.000 евра, од кои 25.000 се за фрлање предмети од трибините. Помошниот тренер Педро Мачадо доби суспендија од еден натпревар, а Бенфика доби и условна казна од затворање на дел од трибините, доколку се повтори расистичко навивање од трибините во следната година.

Она што е најважно – УЕФА се уште не се изјасни за Џанлука Престијани, кој беше директно обвинет од Винисиус дека расистички го навредувал Бразилецот.

Истрагата против Престијани продолжува, а конечната одлука се очекува најдоцна до средината на месец април.

Се вчитува...