Европската фудбалска федерацијја (УЕФА) ја казни Хрватската фудбалска федерација со 34.500 евра поради неспортското однесување на навивачите и играчите на натпреварот во Осиек против Полска во Лигата на нации.
Репрезентацијата на Хрватска на 8. септември во Осиек ја победи Полска со 1-0. Федерацијата е казнета со 15.000 евра затоа што навивачите фрлале предмети во теренот, 4.500 за палење ракети и 8.000 евра за навивачите кои трчаат на теренот.
Исто така, Федерацијата е казнета со 7.000 евра поради јавни опомени до играчите и официјалните лица на мечот во Варшава против истиот ривал кој заврши без победник 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА