За разлика од Русија која целосно беше исклучена од спортските натпревари на меѓунардони ниво, УЕФА денеска донесе казна и за Белорусија како сооучесник во војната против Украина. Сепак Белорусите поминаа ниво подобро со оглед на тоа што нив нема да ми биде забранато да играат натпревари.
Но, Белорусија нема да може да игра на домашен терен, а натпреварите покрај тоа што ќе бидат одиграни на неутрален терен, нема да може да бидат проследени со публика.
Одлуката на УЕФА првично се однесува на натпреварите на Белорусија во Лигата на нации каде треба силите да си ги одмерат со Азербејџан (6 јуни), Казахстан или Молдавија (10 јуни) и Словачка (25 септември).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА