УЕФА ја казни Рома со два милиони евра

Рома ќе мора да плати два милиони евра на УЕФА поради новото прекршување на правилата на финансискиот ферплеј од страна на римскиот клуб.

Контролното тело за финансии на УЕФА ја заврши анализата на ите клубови кои учествуваа во евро-куповите во сезоната 2023/24, а притоа беа под „условни казни“ и не смееја да и дозволат ново прекршување на правилата.

Милан, Интер, ПСЖ, Монако, Бешикташ, Трабзон и Антверпен сите добија зелено светло без никаква санкција, но во случајот на Рома е забележан „мал престап“. Поради фактот дека не станува збор за преголемо прекршување на правилата не следи суспензија, туку само парична казна, но сумата е навистина голема – два милиони евра.

Астон Вила и Олимпик Марсеј се казнети со 60.000, односно 20.000 евра поради доцнење во поднесувањето на документациите за своето финансиско работење.

Се вчитува...