Поради пропусти во организацијата на натпреварот против Келн во групната фаза од Лига Европа, Црвена звезда е условно казнета со затворање на една трибина на две години и со парична казна од 56.000 евра.
Дисциплинската комисија на УЕФА отвори постапка против Црвена звезда бидејќи навивачите на тој натпревар користеа поротехнички средства, фрлаа цврсти предмети на терен и ги блокираа премините.
Како што информираат српските медиуми, раководството на Црвен звезда побарале појаснување од УЕФА што конкретно не смее да се повтори од натпреварот одигран на 7 ноември, во условниот период од две години.
Во меѓувреме, белградскиот клуб ја чека и казната за пропустите на натпреварот против ЦСКА во Белград во првиот натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа.
Претходно, УЕФА ја уважи жалбата од Црвена звезда да ја дочека ЦСКА пред публика откако првобитната казна за српскиот клуб беше затворање на трибините, а потоа изменета во условна казна од две години и парична казна од 30.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА