Организацискиот одбор на финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2021/2022 доби отштета за откажувањето на финалниот натпревар, чиј домаќин требаше да биде Санкт Петербург.
Како што јави руската агенција ТАСС, изјавата на директорот на овој комитет, Алексеј Сорокин, УЕФА ги исполнила сите обврски кои претходно беа договорени:
„Завршени се сите порамнувања со изведувачите кои имале трошоци поврзани со подготовката. Сите направени трошоци се платени, сите сметки се затворени, а УЕФА ги исполни сите обврски кон изведувачите кои беа во договорите“, изјави Сорокин.
За потсетување, финалниот натпревар во борбата за титулата европски првак меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, според првичниот план, требаше да се одржи на стадионот на Зенит во Санкт Петербург, но поради стартот на војната во Украина, УЕФА одлучи да ја суспендира Русија од сите нејзини натпреварувања, па финалето беше преместено во Франција, а мадридскиот клуб стигна до својот 14. трофеј во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА