Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја одложи одлуката за учество на Кристал Палас во Лигата на Европа следната сезона.
УЕФА им забранува на клубовите со исти сопственици да се натпреваруваат во исто натпреварување за да се избегне конфликт на интереси, а Кристал Палас и Лион, кои обезбедија настап во Лигата на Европа, ги делат истите сопственици.
Кристал Палас го освои ФА Купот и се пласираше во Лига Европа, а Лион го направи тоа со освојувањето на шестото место во француската лига.
Групацијата „Eagle Football“ во сопственост на Џон Текстор има малцински удел во Кристал Палас и е мнозински сопственик на Лион.
Би-би-си објави дека одлуката за учество на Кристал Палас се очекува следниот понеделник.
Текстор поседува 44 отсто од Кристал Палас и 77 отсто од Лион. Тој се согласи да го продаде својот удел во лондонскиот клуб на сопственикот на Њујорк Џетс, Вуди Џонсон.
Тој случај може да се реши во корист на лондонскиот клуб, бидејќи Лион поради финансиски проблеми испадна во втората француска лига, што значи дека нема да може да игра во европските натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

