Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја призна грешката на судиите на четвртфиналниот натпревар на последното Европско првенство, кога на Германија не и беше досуден пенал на дуелот против Шпанија.
Судискиот комитет на УЕФА одлучи дека требаше да биде досуден пенал за Германија во продолженијата од натпреварот при 1-1. Откако дефанзивецот на Шпанија Кукуреља, по ударот на Мусиала, играше со рака во неговиот шеснаесетник, главниот судија на натпреварот, Ентони Тејлор, како и судиите од ВАР просторијата не одлучија да покажат на белата точка.
По неколку минути Мерино постигна гол за Шпанија, со кој Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето. На овогодинешното Европско првенство во Германија, Шпанија во финалето ја совлада Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА