УЕФА ја следи ФИФА: Четврта замена во продолженијата од ЛШ и од ЛЕ

Тимовите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа ќе имаат можност и за четврта замена во својот тим, во случај да се играат продолженија на натпреварот, објави УЕФА. Со ова, Европската куќа на фудбалот ја следи ФИФА, која правилото го воведе пред Светското првенство во Русија, и тоа се покажа како навистина добар потег.

„Измената и дополната на правилата веднаш стапува на сила“, соопшти УЕФА.

Тоа значи дека во елиминациските мечеви од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа ќе се употребува новото правило. На сила остануваат три замени во регуларниот тек на мечот од 90 минути, а доколку победникот не е познат, во дополнителните 2 х 15 минути, право на уште една замена.

Во финалните натпревари од ЛШ и ЛЕ на клупата за резервни фудбалери ќе може да има 12 фудбалери, додека на останатите мечеви останува опцијата за стандардни седум фудбалери.

Се вчитува...