УЕФА објави дека Јувентус ќе го прескокне следното издание на Конференциската лига, што значи дека местото на „Старата дама“ ќе го заземе Фиорентина која заврши на осмото место во Серија А.
Италијанскиот клуб исто така е казнет и со 20 милиони евра, од кои 10 милиони евра се услови. Казната ќе биде применете ако клупските финансии за 2023, 2024 и 2025 година не бидат во рамките на финансиските регулативи на УЕФА.
Оваа казна за Јувентус значи и дека Астон Вила во ждрепката за плеј-офот во Конференциската лига ќе биде префрлена во групата на носители.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА