„УЕФА ќе биде одговорна за стотици жртви од коронавирусот – веќе има илјадници заразени!“

Европското фудбалско првенство кое се одржува низ Стариот континент веќе станува извор на зараза од смртоносниот вирус – Ковид-19, откако Финска пријави речиси 85 отсто од заразени навивачи по присуството на мечевите во Русија, а Шкотска веќе пријави бројка од 2.000 новоинфецирани после две недели од 16-от континентален шампионат.

Дека сѐ не оди по протоколот и желбите на УЕФА веќе станува јасно, а во Европа веќе е вклучен алармот, па дел од здравствените експерти и политичари, посебно од Германија се бесни на фудбалската централа во Нион.

Карл Лотербах, здравствен експерт и член на владејачката СДП, жестоко распали по УЕФА обвинувајќи ја дека ќе биде одговорна за стотици загубени животи од ова ЕВРО 2020, поради неспособноста и форсирањето секаде да се игра со публика, па дури и над 50 отсто од капацитетот, иако барем засега две жаришта се најголеми според пријавените официјални инфекции – Санкт Петербург и Лондон.

„Овие сцени што ги видовме во Лондон, тоа е неприфатливо и тотална лудост. Навивачи едни до други, се гушкаат, викаат еден кон друг. Само на тој меч ќе имаме стотици заболени, кои потоа ќе ја прошират заразата на илјадници, па ќе има стотици мртви. За сѐ е одговрна УЕФА, таа ќе биде одговрна за смрт на многу луѓе. Вакво нешто е неприфатливо, Ние имаме сериозен проблем со опасно заразниот делта сој, а тие… Сега ќе се соочиме со сериозна закана на цела територија на Европа“, објави Лотербах.

Се вчитува...