УЕФА ќе ги избрка Реал, Челси и Сити од ЛШ најдоцна до петок

УЕФА нема намера да ја доврши сезоната во Лигата на Шампионите давајќи им шанса на тимовите кои вчера го почнаа проектот „Суперлига на Европа“ да се натпреваруваат за врвот на европскиот фудбал.

Александар Чеферин на денешната прес-конференција потврди дека УЕФА се консултира со правници околу можноста за бркање на „одметниците“ од европските натпреварувања веќе за тековната сезона, а чекор понапред отиде Јеспер Мелер, претседателот на Данската Фудбалска АСоцијација кој воедно е и член на Извршниот комитет на УЕФА.

„Нема дилема, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челси си одат од нашето натпреварување. Тоа ќе се случи најдоцна до петок, а потоа ќе бараме решение како да ја довршиме сезоната“, порача Мелер во изјава за данските медиуми.

Дел од медиумите најавуваат дека ваков расплет ќе придонесе ПСЖ без борба да стигне до европската круна, но се разгледува и опција „втора шанса“ да им биде дадена на Баерн Минхен, Порто и Борусија Дортмунд, како елиминирани тимови во четвртфиналето, да продолжат да се натпреваруваат на местото на трите отпишани екипи.

Се вчитува...