УЕФА ќе ја укине Лигата на нации?

Кога ќе се игра Европското првенство 2020? Ова е прашањето што најмногу ја мачи УЕФА во период кога националните лиги не се завршени, а светот се бори со експанзијата на коронавирусот. Финансиските загуби ќе бидат огромни, а Европската куќа на фудбалот ќе мора да пресече и по се изгледа да откаже дел од натпреварувањата. Колатерална жртва, според неофицијални информации од УЕФА,  би можела да биде Лигата на нации, новоформираното натпреварување кое беше „исмислено“ како замена за пријателските натпревари на националните селекции.

Со тоа ќе се „спасат“ многу термини на УЕФА, а во овој моментот секако приоритет имаат натпреварите од Лигата на шампионите и датумот за Европското првенство. Засега, информациите се дека можеби ќе биде укинато следното издание на Лигата на нации.

Македонија ја очекува полуфинален плејоф-меч против Косово од групата Д, за пласман на ЕВРО 2020. Овој дуел требаше да се одигра на 26.март во Скопје, но јасно е дека ќе биде одложен за некој друг термин, најверојатно во октомври или во ноември, па дури можеби и за следната година, доколку биде донесена одлука ЕВРО 2020 да се игра стане ЕВРО 2021.

 

Се вчитува...