Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе му додели на Франческо Тоти посебна награда која ќе му ја врачи претседателот Александар Чеферин. По неговиот последен меч одигран за Рома изминатиов викенд, УЕФА оцени дека тој го заслужува признанието „Награда од Претседателот“ за неговата неверојатна кариера и верноста кон својот матичен клуб.
„Наградата на Претседателот е признание кое отсликува неверојатни достигнувања во фудбалот, професионална совршеност и фантастични човечки карактеристики, и апсолутно му прилега на Франческо Тоти. Му честитам на големиот фудбалер за грандиозната верност кон клубот и посветеноста на фудбалот“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.
Претходно, оваа награда ја имаат добиено и Сер Боби Робсон, Јохан Кројф, Паоло Малдини и Џани Ривера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА