Европската куќа (УЕФА) подготвува нов план за заокружување на тековната сезона во европските клупски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лига Европа. Најверојатно ќе бидат организирани фајналфор-турнири во двете натпреварувања, во Истанбул и во Гдањск, градовите кои се одредени за домаќини на финалињата оваа година.
Четирите екипи кои ќе се пласираат во полуфиналето, би се бореле за трофејот со два нокаут натпревари, формула што веќе неколку години функционира во кошарката и во ракометот.
Оваа идеја на УЕФА ќе им биде претставена на клубовите во вторник преку конференциска врска. Термините сепак ќе зависат од развојот на ситуацијата со коронавирусот во Европа и светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА