Завршен турнир со осум екипи во Лигата на шампионите би можело да има од 2024 година најавуваат од УЕФА. Во минатата сезона која беше во прекин поради коронавирусот за да заврши шампионатот УЕФА во воведе системот од по еден натпревар од четвртфиналето на турнир кој се одржува во една земја. Ова се покажа како добро решение. Европската аосцијација е врзана со договор со носителите на ТВ правата да овозможи нокаут фаза со по два натпревара до крајот на овој цикус, но не исклучува промена на форматот потоа.
„Ќе го проучиме форматот и неговите вариации во следниот период. По еден натпревар во нокаут-фазата носи неизвесност и емоции. Имавме одлични реакции од клубовите, телевизиите и другите партнери како и од навивачите. Условите не принудија на овој формат, но резултатот и задоволството од него беа одлични. Ќе ги разгледмае сите аспекти и потенцијалот на ваквото решение“ – вели геенралниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.
Завршната фаза од Лигата на шампионите во минатата сезона се одржа во Лисабон додека на завршницата на Лига Европа домаќини беа германските градови Келн, Дуисбург, Дизердорф и Гелезенкирхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА