УЕФА ќе воведува револуционерно ново правило поради случувањата на Реал Мадрид – Манчестер Сити

Поранешниот англиски судија, Марк Клатенбург, откри дека УЕФА сериозно размислува за воведување на ново револуционерно правило во фудбалот, намалувајќи го времето од 90 на 60 минути, но период кој ќе биде мерен за активна игра и времето ќе биде запирано при прекините за да се спречи одолговлекувањето на тимот кому резултатот ќе му оди во корист.

Британците повторно ја покренуваат оваа иницијатива по реваншот од полуфиналето во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, кога „кралевите“ по постигнувањето на третиот гол знаеја како да го умртват темпото со бројни прекини и одолговлекување.

„Трошењето на време станува сериозен проблем за кој мора да се најде решение. Според мене, најдобро ќе биде да се намали времето на игра, од 90 на 60 минути, но се запирање на часовникот при секој прекин. Добро сум упатен и знам дека ФИФА и Џанлуиџи Колина веќе размислуваат во овој правец. Кога може тоа да се прави во кошарката зошто да не и во фудбалот. Така, натпреварите би траеле подеднакво долго… Погледнете ги статистиките во Англија, просечното време на игра во Премиер-лигата изнесува 55 минути и три секунди. Најмалку фудбал се играло на мечот Вест Хем – Брентфорд, и тоа 41 минута и 33 секунди, a најмногу на мечот Манчестер Сити – Барнли, 65 минути и 42 секунди. Она кон што треба да се стремиме е да гледаме еден час активен фудбал“, изјави Клатенбург.

Се вчитува...