УЕФА му го одзеде на шпанскиот град Билбао домаќинството на натпревари од престојното Европско првенство.
Европската куќа на фудбалот го исклучи Билбао поради неисполнување на строгите санитарни услови кои беа поставени за сите организатори. Но, баскијската влада информирала дека е невозможно да се исполнат.
Условите на кои падна Билбао е 60% вакцинирани граѓани на Баскија до 14. јуни, и болните од Ковид-19 да не заземаат повеќе од 2% од капацитетите на болниците во Баскија, што е навистина тешко изводливо.
Од организацискиот одбор на првенството од Баскија истакнаа дека оваа одлука на УЕФА, која ја донела самоволно, е крајно некоректна. Од Билбао најавија дека ќе бараат отштета од УЕФА.
Сега УЕФА до петок треба да ја донесе одлуката за нов домаќин каде Шпанија ќе ги игра натпреварите против Шведка, Полска и Словачка. Како најсериозен кандидат за нов организатор е Севилја.
Билбао е еден од трите града, покрај Минхен и Даблин, кои не потврдија враќање на навивачите на трибините за време на ЕП 2020. Останатите градови, Амстердам, Баку, Букурешт, Копенхаген, Рим, Глазгов, Лондон и Санкт Петербург ќе дозволат одредено присуство на навивачи. Првенството на Европа се игра од 11. јуни до 11. јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА