УЕФА му го укина жолтиот картон на Тонали

Добра вест за Милан, кој синоќа обезбеди пласман во полуфиналето во Лигата на шампионите откако го елиминираше Наполи со 1-1 на „Диего Армандо Марадона“ стадионот. Играчот од средниот ред Сандро Тонали доби жолт картон, и тоа за него значеше дека ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар во европската „елита“.

Меѓутоа реагираше УЕФА и му го поништи картонот на Тонали, со што тој ќе биде достапен во првото полуфинале. УЕФА увиде дека практично Тонали не го направил стартот, туку Тео Хернандез, и со тоа му дозволи да биде достапен во првото полуфинале.

Милан го чека подобриот од дуелот меѓу Интер и Бенфика. Реваншот е вечерва од 21 часот, а Интер по првиот меч има предност од 2-0.

Се вчитува...