Откако Тотенхем ја освои Лигата на Европа со победа од 1-0 над Манчестер Јунајтед , прославите на лондонскиот клуб беа засенети од сцената за време на церемонијата на доделување на медалите.
Капитенот на тимот Сон Хеунг-мин, заедно со уште двајца соиграчи, остана без медал во моментот кога го крена трофејот.
Фотографиите од капитенот како слави без медал околу вратот го обиколија светот и предизвикаа лавина од коментари, а УЕФА набрзо мораше да проговори и да објасни што се случило.
„На наше големо разочарување, немавме доволно медали на располагање на сцената за време на церемонијата на доделување на трофеите поради неочекувана разлика во бројот на играчи “, се вели во соопштението на управното тело на европскиот фудбал, цитирано од британските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

