Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска објави дека видео технологијата (ВАР) ќе се користи во преостанатите квалификациски натпревари за СП 2022 година. Оваа одлука на УЕФА е донесена по седницата на Извршниот одбор, која се одржа во јули, а денеска беше објавена и на официјалната веб-страница на куќата на европскиот фудбал.
Така, судиите на сите натпревари од европските квалификации почнувајќи од септември ќе имаат на располагање ВАР со цел да избегнат евентуални големи грешки. Претходно, планот беше да се одиграат комплетни квалификации во присуство на видео технологија, но УЕФА мораше да се откаже од таа идеја поради пандемијата.
Репрезентацијата на Македонија во продолжението од квалификацискиот циклус на 2 септември во Скопје ќе ја пречека Ерменија, по што ќе следи гостување против Исланд, па домашен натпревар со Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА