УЕФА направи преседан поради Приштина

Коронавирусот почна да создава хаос на почетокот од квалификациите за европските купови, а УЕФА неочекувано уште на самиот почеток направи преседан, правејќи исклучок за да овозможи тимот на Приштина да го одигра дуелот од квалификациите за ЛЕ против Линколн од Гибралтар.

Тестирањето над фудбалерите на Приштина покажа дека дури осум играчи на косовскиот тим се позитивни на Covid-19, поради што му се закануваше елиминација без борба. Сепак, европската куќа на фудбалот дозволила Приштина да регистрира фудбалери од други клубови, по што косовскиот клуб пријавил листа од 20 играчи што се дел од различни тимови од Косово. Нив ќе ги води селекторот на младинската репрезентација на Косово, Рамиз Красниќи.

Овој натпревар требаше да се игра денеска, но Линколн и УЕФА дале согласност поради „вонредната состојба“ да биде презакажан за сабота со почеток во 18 часот.

Се вчитува...