Сензацијата во германската Бундес-лига, тимот на Лајпциг, нема да добие право на настап во Лигата на шампионите следната сезона, открива весникот „Салцбургер Нахтрихтен“. УЕФА не дозволува два клуба со ист сопственик, спонзор или организација, да играат истовремено во европските натпреварувања.
Австрискиот Салцбург и германскиот Лајпциг се во сопственост на Дитер Матешиц, кој е сопственик на компанијата „Ред Бул“ за производство на енергетски пијалоци.
Салцбург во моментот е на лидерската позиција во Австрија и долги години веќе е дел од европските натпреварувања, а Ред Бул Лајпциг е основан во 2009 година и има метеорски развој во германскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА