Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Баерн Минхен со 116.000 евра и делумно го затвори стадионот за следниот домашен натпревар од Лигата на шампионите.
Баварскиот клуб беше казнет за блокирање на јавните премини на стадионот и огнометот од навивачите на натпреварот против Спортинг.
Баерн беше казнет и за нарушување на јавниот ред и фрлање предмети и пораки од навивачите што не се соодветни за спортски настан за време на нивниот натпревар на гости во Лондон против Арсенал.
УЕФА, исто така, му изрече условна казна од две години на Баерн. Доколку навивачите повторно предизвикаат слични инциденти, Баерн ќе игра пред празна јужна трибина две години.
Bayern Munich fans do not mess about 🥵 pic.twitter.com/ypOuDVHM1j
— OneFootball (@OneFootball) December 9, 2025
Освен Баерн, УЕФА ги казни Ајнтрахт Франкфурт со 38.000 евра, Спортинг Лисабон со 40.000 евра, Лил со 10.000 евра и Макаби Тел Авив со 20.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

