УЕФА објави: Мечот ќе се доигра вечерва, играчите сами барале

Прекинатиот натпревар меѓу Данска и Финска поради колабирањето на Кристијан Ериксен сепак ќе биде доигран вечерва со почеток во 20.30 часот, одлучи УЕФА по консултациите со фудбалерите на двете селекции.

Иако постоеја најави дека продолжението би можело да биде презакажано за утре, информациите од Данска велат дека самите фудбалери барале дуелот да биде продолжен, за да го доиграат за својот репрезентативен колега кој се наоѓа во болница во Копенхаген.

„По барањето на фудбалерите на двете селекции, УЕФА се согласи натпреварот меѓу Данска и Финска да продолжи уште вечерва, со почеток во 20.30 часот. Ќе бидат доиграни последните пет минути од првото полувреме, потоа ќе има пауза од пет минути, па ќе се продолжи со второто полувреме“, објави европската куќа на фудбалот.

Натпреварот меѓу Белгија и Русија ќе се игра во претходно утврдениот термин, во 21 часот, дополни УЕФА.

 

Се вчитува...