На челниците на УЕФА им дојде преку глава да бидат сведоци на бројни инциденти на фудбалските терени ширум Европа, па Александар Чеферин и неговите најблиски соработници подготвуваат нов правилник за казни, со кој на клубовите им се закануваат суспензии доколку нивните навивачи прават нереди на стадионите.
Во последните петнаесетина дена можевме да проследи големи проблеми во Грција, Франција, Англија и Шпанија, каде навивачите на Спартак Москва предизвикаа и смрт на еден полицаец. За оваа седмица е закажан итен состанок во Нион на кој ќе се дискутира за овие случаи, по што ќе почне да се планираат и „специјални мерки“ за клубовите чии фанови важат за најпроблематични.
Иако и досега имаше правна можност, од УЕФА најавуваат дека од наредната сезона ќе почнат да се исфрлуваат тимови од Европа, се со цел со ригорозни мерки да се влезе во војна со хулиганите. Прва мерка ќе биде онаа екипа која ќе направи инцидент на свој терен автоматски да добие забрана да има свои навивачи на гостувањата. Доколку престапот се повтори и ги доведе во опасност актерите на теренот или обичните навивачи, тогаш ќе се активира постапка за исфрлање од Европа. Воедно, УЕФА најавува и подобра комуникација со националните федерации, од кои ќе бара слични санкции доколку дојде до инциденти на натпревари од домашните првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА