Финалето oд новиот формат во Лигата на шампионите во 2027 година ќе се игра или во Мадрид на „Ванда Метрополитано“ или на олимпискиот стадион во Баку, одлучи УЕФА откако претходно домаќинството му беше одземено на „Сан сиро“.
Правата за домаќинство му беа одземени на Милано поради можната реконструкција на „Сан сиро“ во периодот кога треба да се игра финалето на ЛШ или изградба на нов стадион на негово место.
УЕФА во мај следната година ќе одлучи кој од овие два стадиона ќе биде домаќинот на финалниот меч во 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА