УЕФА ја донесе одлуката по дисциплинската постапка за албанскиот репрезентативец Мирлан Даку по скандалозното негово однесување по завршување на натпреварот меѓу Албанија и Хрватска во Хамбург на ЕВРО 2024.
Даку доби два меча суспензија од УЕФА поради националистички скандирања „Е.и ги Македонците…, е.и ги Србите…“ по дуелот со Хрватска, неспортско однесување кое наиде на осуда од целата европска фудбалска јавност, но и од албанските фудбалски аналитичари и јавност.
Тоа значи дека Даку ќе го пропушти утрешниот натпревар на Албанија против Шпанија во последното коло од групната фаза, но и евентуален осминафинален дуел на ЕВРО 2024, доколку Албанија успее да се пласира во следниот круг.
Ако, Албанците доживеат елиминација по групната фаза, тоа во суштина би значело и крај на ЕВРО 2024 за Мирлинд Даку.
Претходно, УЕФА информираше дека Албанскиот фудбалски сојуз е казнет и со вкупни 47,500 евра за инцидентите на албанските навивачи во Хамбург. Казната е за употребата на пиротехнички средства од страна на нивните навивачи, за упадот на терен како и за несоодветните националистички пораки за време на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА