Новиот воен конфликт меѓу Израел и Палестина, прави проблем и во фудбалот. Дуелот меѓу Атлетико и Јувентус кој требаше да се игра во Тел Авив е откажан, и истиот се играше вчера во Торино.
УЕФА денеска ќе носи одлука дали израелските клубови ќе може да играат домашни натпревари во европските купови на израелско тло, или ќе мора да најдат неутрален терен.
Пред се ова се однесува за дуелот Хапоел Бер Шева – Лугано. Лугано прави притисок врз челниците на УЕФА да донесат одлука дуелот да се игра на неутрален терен.
Доколку биде донесена таква одлука, истото ќе се однесува и за Макаби Хаифа. Макаби во првиот меч го совлада Аполон со 4-0, и во плеј-офот во ЛШ ќе треба да игра со победникот од дуелот Црвена Звезда – Пјуник. Српскиот тим после првиот меч има убедливи 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА